Нови пет натпревари од одлични коефициенти се дел од Квотите на денот на Sport Life. Сите натпревари искомбинирани на еден тикет прават одлична квота од 44.6. Реал Мадрид, Твенте, Ливерпул и Интер се фаворити, додека голови се очекуваат на натпреварот помеѓу Њукасл и Манчестер сити.
Фудбалерите на Реал Мадрид се големи фаворити во дуелот против Лас Палмас и се очекува да го искористат киксот на Барселона. На „Стантијаго Бернабеу“ се очекува Реал да води на полувремето и на крајот да победи, а на целиот меч да бидат постигнати помеѓу два и пет гола со одлична квота од 2.25 во понудата на Sport Life.
Голем фаворит е и екипата на Твенте, која во холандското првенство го пречекува Витесе. Очекувањата се дека домашните ќе победат, а на натпреварот ќе бидат постигнати помеѓу три и шест гола. Квотата за овој натпревар е 2.15.
Екипата на Ливерпул ја има фаворитската улога во мечот против Лестер во рамките на Купот на Англија. Очекувањата се дека премиерлигашот ќе одигра ефикасен меч и нема да има посериозни проблеми против членот на Чемпионшип дивизијата, Лестер. Предлогот за овој натпревар е Ливерпул да постигне помеѓу еден и три гола во двете полувремиња со одлична квота од 2.25.
Лидерот на табелата во Серија А, Интер, вечерва на „Џузепе Меаца“ го пречекува Сусуоло, кој минатото коло му одржа лекција на Јувентус и го победи со 4-2. Очекувањата за вечерва се дека Интер нема да загуби, но и дека ќе има голови во двете мрежи. Квотата за овој натпревар е еднаква на 2.00.
Ефикасно и со голови во двете мрежи се очекува да биде вечерва на „Сент Џејмс парк“, на дуелот помеѓу Њукасл и Манчестер сити. Головите на мечот треба да бидат распоредени во двете полувремиња за да биде добитна квотата од 2.05 за оваа игра.