27.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Реал Мадрид и Манчестер јунајтед блиску до договор со кој двата клуба ќе бидат среќни

Манчестер јунајтед веќе го доведе првото големо засилување откако потпиша со Џејдон Санчо, но тоа е само почеток за Црвените ѓаволи. Според најавите, во најскоро време се чека реализација на планот за трампа со Реал Мадрид. Кралскиот клуб одби да му ја удвои платата на Варан од шест на 12 милиони евра, па многу веројатно е дека Французинот ќе биде даден на позајмица и тоа во Манчестер јунајтед.

Договорот на Варан со Реал е до јуни 2022 година, а сигурно нема да има клуб кој би платил 60 милиони евра за играч кој има само уште 12 месеци од договорот, па позајмицата е вистинско решение. Од Манчестер се сложиле да му дадат повисока плата на стоперот, но и тоа во Мадрид да го испратат Дони ван де Бек.

Холанѓанецот беше на мета на Реал уште пред две сезони додека уште играше за Ајакс, но Ван де Бек се реши да замине во Манчестер, а не во Мадрид. Сега Реал има добра шанса да го добие Холанѓанецот и да се ослободи од Варан кој бара многу поголема плата од таа што сега ја добива во најтрофејниот шпански клуб.

- Оглас -

Најнови вести