Натпревари од Премиер лигата, но и од куповите на Шпанија и Белгија се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Поединечно квотите се движат помеѓу 2.05 и 2.25, но заедно прават одличен тикет со квота од 46.9.
Реал Сосиедад е фаворит против Рајо Ваљекано во шпанскиот Куп, па квотата од 2.15 ќе биде добитна само ако домашните не загубат, но и ако постигнат најмалку два гола.
Голови се очекуваат на премиерлигашкиот дуел помеѓу Ипсвич и Брајтон, а за да биде добитна квотата од 2.15, потребно е во првото полувреме да бидат постигнати помеѓу еден и три гола, но и најмалку три на целиот натпревар.
Голови во двете мрежи, но и во двете полувремиња се очекуваат на мечот од Купот на Белгија помеѓу Андерлехт и Антверпен. Доколку овие два услова бидат исполнети, тогаш квотата од 2.20 ќе биде добитна.
Манчестер јунајтед е голем фаворит против Саутхемптон, но за да биде добитна квотата од 2.05, потребно е Црвените ѓаволи да постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Реал Мадрид ќе ги лечи раните од дебаклот против Барселона, на куп-мечот против Селта Виго на домашен терен. Кралевите се апсолутни фаворити, а квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако имаат водство на полувреме, но и да победат на крајот во меч на којшто ќе бидат постигнати помеѓу два и шест гола.