12.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Реал Мадрид и Милан ќе одиграат ефикасно, Андерлехт сигурно победува (Фото)

Нови пет натпревари се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 45.5, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.40.

Од фудбалерите на Атлетик Билбао се очекува да одиграат ефикасно против Жирона, а квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако постигнат барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку два на целиот натпревар.

Андерлехт е фаворит за победа против Гент, а квотата од 2.00 ќе биде добитна доколку ја оправдаат улогата која ја имаат, но и ако биде постигнат најмалку еден гол во второто полувреме.

Ефикасно се очекува да биде на мечот помеѓу Милан и Лече. Понудената квота од 2.40 ќе биде добитна само ако во првото полувреме има помеѓу еден и три гола, но и најмалку два во вториот дел.

Понудената квота од 2.05 за дуелот на Леванте и Реал Мадрид ќе биде добитна само ако Кралевите не загубат на гостувањето, но и ако има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Севиља и Виљареал играат меч на кој не смее да биде нерешено, а квотата од 2.20 ќе биде добитна и ако на натпреварот бидат постигнати помеѓу два и четири гола.

- Оглас -

Најнови вести