Реал Мадрид денеска и официјално го потврди потписот со шпанскиот репрезентавец Хоселу.
„Реал Мадрид и Еспањол го договорија трансферот на Хоселу, кој треба да претставува замена за Карим Бензема, кој се пресели во саудискиот Ал-Итихад. Тој следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид како позајмен играч, со можност на крајот од сезоната неговиот договор да биде откупен“, стои во соопштението на Кралскиот клуб.
https://twitter.com/MadridXtra/status/1670718069096980480?s=20
Хоселу има искуство од играње во Реал Мадрид, прво две сезони помина во вториот тим на Реал, Кастиља, а 2011 година играше и за Кралевите.
Официјалната промоција на Хоселу е закажана за утре претпладне во 11 часот.