Голманот со кој Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите, сега си заминува од „Сантијаго Бернабеу“. Искусниот Кејлор Навас треба да го официјализира трансферот во Пари Сен Жермен и во текот на денов да стигне потврдата дека заминува во францускиот првак.
Навас, кој пет години е во Реал, го загуби местото во стартниот тим и затоа реши да бара нов предизвик. Како што се најавува, во целиот овој трансфер и Реал Мадрид може да добие нов голман. Алфонс Ареола од ПСЖ може да премине во Мадрид, каде што повторно би ја имал улогата на резервен чувар на мрежата бидејќи Тибо Куртоа ја има загарантирано „единицата“ за оваа сезона.