Реал Мадрид и ПСЖ во голема битка за млад аргентински фудбалер

Франко Мастантуоно важи за еден од најталентираните фудбалери на позицијата офанзивен играч за врска. Седумнаесетгодишниот Аргентинец е член на Ривер плата, но наскоро би требало да се пресели во Европа.

Реал Мадрид одамна го следи неговиот развој и беше прв фаворит за неговиот трансфер, но новиот освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ, сега изби во преден план.

Луис Енрике двапати разговарал со Мастантуоно и му го претставил проектот на Светците, но Ривер плата не сака да преговара со екипите за обесштетувањето, туку ќе го продаде на онаа екипа која ќе ја активира откупната клаузула од 40 милиони евра.

Кралевите немаа намера да ја платат оваа сума, за разлика од ПСЖ, но сега ќе мора итно да реагираат доколку сакаат да го добијат потписот на Аргентинецот. Битката во моментов е кој прв ќе ја активира откупната клаузула, тој ќе го Мастантуоно.

- Оглас -

Најнови вести