Вилјареал со 2:1 славеше над Реал Мадрид за голема радост на домашните фанови, кои на крајот можеа да се израдуваат и на трет погодок, но тоа не се случи поради неверојатно промашување на Арнаут Данјума.
Се играше 90+8 минута кога Реал Мадрид требаше да изведе корнер, а во напад тргна и голманот на гостите Тибо Куртоа. Корнерот на гостите не само што не донесе опасност по голот на Вилјареал, туку се отвори можност домаќините од контра напад да погодат по трет пат.
Топката дојде до Данјума кој тргна во напад. Пред него имаше само еден противнички играч, додека парарелно трчаше уште еден играч на Вилјареал. Холандскиот напаѓач кој во игра влезе во 89 минута и имаше доволно сила во нозете, сепак реши да потсопре и од 30-тина метри да шутира во празниот гол.
На изненадување на сите на стадионот, Данјума успеа да промаши празен гол, но за среќа на крајот оваа негова утка не беше кобна за Вилјареал.