Реал Мадрид и Валенсија се најдоа во неочекуван проблем, нема кога да го одиграат одложениот дуел

Валенсија и Реал Мадрид викендов не го одиграа меѓусебниот дуел, а причина за тоа беа големите поплави кои ја зафатија Шпанија, посебно регионот Валенсија. Повеќе од 200 луѓе загинаа, а челниците на Шпанската федерација, по барање на Валенсија, решија да го одложат дуелот против актуелниот шпански и европски првак.

Овој одложен натпревар сега предизвикува големи проблеми затоа што не се знае кога ќе се одигра. Според календарот, двата тима имаат презафатен период и засега не може да се најде погоден термин за одигрување на дуелот.

Проценките се дека најрано овој меч може да се одигра дури во февруари следната година. За да биде слободен тој февруарски термин, потребно е Реал да обезбеди директно место во осминафиналето од Лигата на шампионите, но и тоа не е сигурно.

Двата тима сега ќе бидат активни и во Купот на Шпанија, па едноставно нема слободен период кога да се одигра одложениот дуел од 12-тото коло во Примера дивисион.

- Оглас -

Најнови вести