Реал Мадрид или Милано го враќаат брилијантниот Скола во Европа

Луис Скола одигра брилијантен турнир во Кина на Мундијалот и повторно има две супер понуди да се врати во Европа и да игра во Евролигата.

Со просек од 17,8 поени и 8,1 скок на Светското првенство во Кина, Скола покажа дека уште е мајстор на кошарката, па речиси е сигурно дека ќе се врати во Европа по цели 12 години.

Реал Мадрид и Милано се фаворити за потписот на 40-годишниот центар кој моментно настапува во Кина. Има понуда да се врати и во Аргентина, во Бока јуниорс, но таа варијанта е тешко остварлива.

Скола има одлична плата во Кина, па Реал и Милано ќе треба добро да го одврзат ќесето за да го ангажираат аргентинскиот центар.

За последен пат Луис играше во Европа во 2007 година, и тоа за Тау Керамика, а потоа замина во НБА. Играше за Хјустон, Феникс, Индијана, Торонто и Бруклин. Сега игра во Кина и е член на Шангај шаркс за годишна плата од 5,5 милиони долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести