Реал Мадрид има јак снукер адут – Селби е светски првак, Кралевите нема да ја утнат титулата во ЛШ

Марк Селби е нов светски првак во снукер и Реал Мадрид има адут повеќе во традицијата да биде нов европски првак. Претходно, кога Селби беше светски првак, Реал редовно ја освојуваше шампионската круна во Лигата на шампионите, податок што е за алманахот на Рипли.

Реал и сега е во игра за европската титула, го чека реванш-меч утре против Челзи на „Стемфорд бриџ“, а има резултат 1:1 од првиот дуел во Мадрид.

Селби, кој е голем љубител на фудбалот и страстен навивач на Лестер, по четврти пат стана светски првак во снукер. Претходно беше на тронот во 2014, 2016 и 2017 година и во сите три изданија на Лигата на шампионите во тие три години Реал Мадрид стануваше европски првак.

Ако верувате во чуда, во традиција и во поклопување на настаните и бројките, сè уште можете да се обложите на Реал Мадрид дека ќе биде нов европски првак за коефициент 6.00 во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести