Реал М. има неколку фантастични серии без пораз, на чекор е да го сруши рекордот на Барселона

Реал Мадрид може да жали што не победи на гостувањето кај Атлетико Мадрид затоа што Кралевите примија гол во 90+5 минута, по кој резултатот на крајот на „Ванда Метрополитано“ гласи 1:1.

Со ова реми, Реал Мадрид продолжи неколку неверојатни низи кои ги има, потврдувајќи дека тоа е тим кој речиси никогаш не губи. Ова беше 40-ти дуел во шпанското првенство на кој Реал е без пораз. Кралевите имаат низа од 29 победи и 11 нерешени и сите се под водство на Карло Анчелоти. Во оваа низа од 40 средби, Реал има постигнато дури 93 гола.

Актуелниот рекорд по број на мечеви без пораз во Примера е во сопственост на Барселона, која во периодот од април 2017 до мај 2018 година одигра 43 средби без да загуби. Тоа значи дека ако Реал во следните четири кола во првенството не загуби, ќе го надмине рекордот на вечниот ривал.

Освен оваа низа на непоразеност во Примера, Реал има уште неколку одлични серии кои уште траат, а тоа се:

  • 38 меча без пораз на „Сантијаго Бернабеу“

* 36 меча без пораз во сите натпреварувања

* 25 меча без пораз на гостински терен

  • 14 меча без пораз во Лигата на шампионите
- Оглас -

Најнови вести