19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Реал Мадрид има нов рекордер, речиси по 30 години надминат легендарниот Раул

Актуелниот европски првак Реал Мадрид победнички стартуваше во новата сезона од Лигата на шампионите откако со 3:1 славеше над Штутгарт во рамките од првото коло. Реал до самиот финиш се мачеше и беше во неизвесност дали ќе ги освои трите бода. Мбапе погоди на почетокот на второто полувреме за водство од 1:0, а Штутгарт израмни преку Ундав во 68-мата минута.

Во 80-тата минута, во игра кај Реал влезе тинејџерот Ендрик Фелипе, а само две минути подоцна Кралскиот клуб даде втор гол за ново водство. Модриќ изведе корнер, а Рудигер погоди за глава. Во последните моменти од мечот, токму младиот Ендрик, кој влезе во игра само 10-тина минути претходно, даде гол за 3:1.

Овој погодок на Ендрик е посебен за Реал затоа што Бразилецот, кој има само 18 години и 58 дена, стана најмладиот стрелец за Кралевите во историјата на ЛШ. Ендрик го надмина рекордот на легендарниот Раул Гонзалес, кој во 1995 година против Ференцварош со 18 години и 113 дена погоди за Реал Мадрид во елитната лига на УЕФА и тоа не беше еден гол, туку три погодоци за Раул.

- Оглас -

Најнови вести