Реал Мадрид, Интер и Атлетико Мадрид ќе испаднат во осминафиналето од ЛШ!?

Најдобрите 16 екипи во елитната Лига на шампиони ќе ја продолжат трката за освојување на највредниот кллупски трофеј со дуели од нокаут-фазата. Од вечерва стартуваат осминафиналните пресметки, а во Sport Life може да се обложите на тоа кои осум екипи ќе продолжат во следната фаза.

Според коефициентите, неколку клубови се апсолутни фаворити, но има и мечеви кои би требало да бидат неизвесни до крајот. Сепак, не ретко се случува фаворитот на хартија да биде изненаден, па затоа посебно е интересно да се состави тикет со тоа кој клуб ќе оди понатаму во ЛШ.

Според коефициентите, нема дилема дека Манестер сити ќе го елиминира Спортинг, дека Баерн ќе биде подобар од Салцбург, Челзи лесно ќе го „прескокне“ Лил, а Ајакс ќе биде подобар од Бенфика.

Интересно е дека и Ливерпул е апсолутен фаворит против Интер. За англискиот тим квотата дека ќе оди понатаму е 1.25, додека шансите на италијанскиот првак се вреднуваат со коефициент 3.75. Вториот италијански претставник, Јувентус, е во фаворитска улога против Вилјареал.

Според коефициентите, најнеизвесни треба да бидат два двомеча. ПСЖ против Реал Мадрид е како финале во оваа фаза од ЛШ. Францускиот првак е во малку подобра позиција со коефициент 1.80, додека за Реал Мадрид квотата е точно два.

Манчестер јунајтед е со коефициент 1.70 дека ќе го елиминира Атлетико Мадрид, додека за Јорганџиите квотата е 2.10.

- Оглас -

Најнови вести