Реал Мадрид ја доби драмата со Басконија, две средби се решаваа во продолжение

Вечерва се одиграа четири интересни и до самиот крај интересни средби во кошаркарската Евролига. Две од нив завршија нерешено после регуларните 40 минути и се одлучуваа во продолжението од пет минути.

Фенербахче ја совлада Олимпија Милано со 85-82, откако натпреварот во регуларното време заврши 76-76. Екипата од Турција имаше водство во голем дел од мечот, но гостите од Италија во последниот период беа на праг и на комплетен пресврт. Сепак, фаворитот ја оправда својата улога дури после продолжението.

Слично беше и на грчкото дерби помежу Панатинаикос и Олимпијакос, во кое фаворитот од Пиреја во последниот период успеа да се врати резултатски во мечот и да се избори за нерешени 74-74 после регуларните 40 минути. Во петте минути од продолжението Олимпијакос со далеку подобра игра дојде до победата со конечни 78-88.

Реал Мадрид многу потешко од очекувањата дојде до победата на гостувањето кај Басконија со 77-79, откако домашните во текот на целиот меч имаа предност. “Кралскиот“ клуб со фуриозна четврта четвртина успеа да направи комплетен пресврт и да дојде до победа на премиерата во Евролигата.

Возбудувања имаше и на мечот кој го затвори првото евролигашко коло за оваа сезона. Екипата на Валенсија на домашен терен успеа да го изненади Монако и да победи со 70-65.

- Оглас -

Најнови вести