13.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Реал Мадрид ја објави листата на играчи за вечер, јасна е судбината на Мбапе

Напаѓачот на Реал Мадрид и прв стрелец во Лигата на шампионите сезонава, Килијан Мбапе, дефинитивно ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Бенфика.

Францускиот фудбалер вчера предвреме го заврши тренингот поради болки во левото колено, па клубот одлучи да го поштеди.

Мбапе нема да игра сè додека неговите проблеми со левото колено не бидат дефинитивно решени, со цел да биде целосно подготвен за осминафиналето од Лигата на шампионите (доколку Реал се квалификува) во втората недела од март.

Ако играше, постоеше ризик од потешка повреда која ќе бараше операција, а со тоа во опасност ќе беше доведено и учеството на Мбапе на Светското првенство.

Освен Мбапе, на реваншот со Бенфика ќе ги нема ни Милитао, Хаусен, Себаљос, Белингам и Родриго (суспендиран). Напаѓачките опции се Винисиус, Гонзало, Брахим Дијас и Мастантуоно.

- Оглас -

Најнови вести