20.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Реал Мадрид ја полни и колекцијата со трофеи и клупската каса – Заработија над 136 милиони евра во Лигата на шампионите

Реал Мадрид ја полни клупската колекција со трофеи и касата, а заработката во ова издание на Лигата на шампионите им е над 136 милиони евра.

Пехарот што го освоија по победата од 1:0 против Ливерпул во финалето вчера е рекорден 14-ти и тука немаат конкуренција, а убаво си го пополнија и буџетот.

Само за триумфот во финалниот меч Реал доби 22.69 милиони евра, или вкупно 67.7 милиони евра за успесите во нокаут фазата, вклучувајќи ја и победата во финалето.

Со претходно инкасираните 68.9 милиони евра за успешно минатата фаза по групи, вкупно Кралскиот клуб ќе добие од УЕФА точно 136.65 милиони евра.

Финалистот Ливерпул е втор на листата со околу 110 милиони евра, а следат Манчестер сити, Вилјареал, Баерн, Челзи, Бенфика, Атлетико Мадрид, Ајакс и Јувентус сите под 100 милиони евра заработка во Топ-10 оваа сезона.

 

 

- Оглас -

Најнови вести