Реал Мадрид со 2:1 ја победи Барселона во Ел Класико и сега има 66 бода, исто колку и лидерот Атлетико Мадрид, кој има меч помалку. Кралскиот клуб одигра одлично прво полувреме и тоа беше доволно за на крајот да ги освои трите бода.
Карим Бензема на мајсторски начин погоди во 14 минута и донесе водство за Реал, а само 14 минути подоцна веќе беше 2:0 за домаќините. Тони Крос од слободен удар погоди за нова радост на домаќините. Погодокот на Крос е прв гол на Реал од слободен удар во Ел Класико во 21 век.
Барселона во второто полувреме преку Минзега намали на 1:2 во 59 минута, но Каталонците немаа сили да постигнат уште еден погодок и да се спасат од пораз.
По овој меч, Реал и Атлетико имаат по 66 бода, а Барселона е трета со 65 бода. До крајот на првенството има уште осум кола. Атлетико Мадрид утре го игра својот меч од ова коло и тоа на гости кај Бетис.
1:0 Бензема, 14 минута
2:0 Крос, 28 минута
1:2 Мингеза, 59 минута