Рекордерот Реал Мадрид ќе чека петсто-кец во полуфиналето во Лигата на шампионите (Фото)

Голот на Карим Бензема во судиското продолжение против Челзи, што му донесе пласман на Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на шампионите, беше јубилеен 500-ти за Кралскиот клуб, кој е најефикасен клуб во 21 век.

Бензема погоди во 96-тата минута, или шеста во првото продолжение против Челзи и тој гол беше и клучен и јубилеен.

Реал го загуби реваншот во Мадрид со 2:3, но имаше гол повеќе во завршниот биланс од одличниот двомеч со Челзи и ќе игра во полуфиналето во Лигата на шампионите, против Манчестер сити, или Атлетико Мадрид.

Кралскиот клуб со 500 голови на 237 натпревари е најефикасен клуб во натпреварите од Лигата на шампионите во овој милениум.

Зад него е Баерн Минхен со 476 погодоци на 219 натпревари, па Барселона со 432 на 221 меч, а Топ-5 го заокружуваат два англиски тима, Челзи со 300 голови на 173 натпревари и Манчестер јунајтед со 298 погодоци на 181 одигран натпревар во 21 век во Лигата на шампионите.

Clubs with the most UCL goals in 21st Century from soccer

- Оглас -

Најнови вести