Реал Мадрид ќе добие фантастично засилување и тоа за беспари

Реал Мадрид од наредната сезона ќе добие фантастично засилување во одбраната, откако само детали го делат од договор со Антонио Рудигер.

Одличниот германски дефанзивец ќе дојде од Челзи и тоа за беспари откако договорот со тимот од Лондон му истекува на крајот од оваа сезона, а поради санкциите од британската влада, клубот не може да си дозволи да му го продолжии договорот.

Односно, ќе треба да сочека во летото за да започне преговори, а тоа не му се допаѓа на Рудигер, кој од наредната сезона ќе игра на стоперската позиција заедно со Давид Алаба.

Со ова уште еден фудбалер ќе замине од Челзи во Реал Мадрид, откако претходно такво нешто сторија Тибо Куртоа и Еден Азар.

- Оглас -

Најнови вести