Реал Мадрид ќе ги прекрши клупските принципи поради Рамос

Реал Мадрид веќе подолго време преговара околу евентуалното продолжување на договорот со капитенот Серхио Рамос, а според најавите од Шпанија, веќе е донесена одлука. Кралскиот клуб ќе му понуди нов двегодишен договор на Рамос, а со тоа ќе ги прекрши сопствените принципи.

Според некое непишано правило, Реал Мадрид на играчите кои се постари од 30 години не сака да им дава повеќегодишни договори, туку се договара само по една сезона. Рамос, кој има 34 години, е вистински лидер на Реал, а неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона.

Легендарниот дефанзивец најави дека не прифаќа едногодишен договор, па влезе во конфликт со челниците на клубот. Дополнителна опасност за Реал е фактот дека Пари Сен Жермен се појави како клуб заинтересиран да му даде тригодишен договор на Рамос, и тоа финансиски уште подобар од тоа што го нудат Кралевите.

 

- Оглас -

Најнови вести