Реал Мадрид ќе го преспие зимскиот преоден рок

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, денеска изјави дека Кралевите нема да бидат активни во зимскиот преоден рок, кој започнува на први јануари.

Дел од шпанските и француските медиуми објавија дека Реал Мадрид би можело во јануари да го ангажира Килијан Мбапе, кому договорот со ПСЖ му истекува идното лето, но сето тоа го демантираше Анчелоти.

„Не планираме да носиме нови фудбалери во јануари. Никого. Мислам дека за нас нема да има зимски преоден рок. Не планираме ништо во јануари бидејќи за вториот дел од сезоната ќе ни се вратат повредените Тибо Куртоа и Едер Милитао. Дали ќе бидеме активни налето? Ќе видиме“, изјави денеска Анчелоти.

Реал Мадрид утре на „Сантијаго Бернабеу“ ја пречекува Брага во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести