Се чини дека проблемите од соблекувалната на Реал Мадрид почнаа да излегуваат на виделина, а во заднина стојат парите. Според информациите од шпанските медиуми, раководството на Реал Мадрид планира да го продаде Винисиус доколку не ги намали финансиските побарувања.
Бразилецот бара да биде најплатениот фудбалер кај Кралевите, а причината за тоа е бонусот кој го доби Килијан Мбапе. Францускиот фудбалер како слободен играч направи трансфер од ПСЖ во Реал бидејќи му истече договорот, а Кралевите за тоа му исплатија бонус во девет цифри во евра.
Сепак, Флорентино Перес доколку одлучи да го продаде Винисиус, ќе мора да најде и заинтересиран купувач. Во моментов единствените екипи кои можат да ги задоволат финансиските барања не само на фудбалерот туку и на Кралевите се екипите од Саудиска Арабија, а доколку се случи тој трансфер, сигурно дека многу рекорди ќе бидат урнати.
Вредноста на Винисиус во моментов се проценува на 170 милиони евра, но доколку биде продаден, сумата со сигурност ќе биде многу повисока.