Реал Мадрид ќе мора да продаде две ѕвезди за да го покрие лошото работење на стадионот?!

Шпанскиот „Релевао“ тврди дека Реал Мадрид е принуден да продаде двајца фудбалери само за да го покрие лошото финансиско работење на стадионот. Иако клубот е во добра финансиска состојба, сепак реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ не ги исполнило очекувањата.

Стадионот се изнајмува за разни настани, но дел од нив беа откажани, па сега финансиските загуби ќе мора да бидат надополнети со продажба на фудбалери. Весникот тврди дека први кои ќе бидат продадени се Родриго и Орелјан Чуамени, за кого има интерес од Ливерпул, а Кралевите сакаат да наплатат 100 милиони евра.

На тој начин Флорентино Перес ќе дојде до свеж капитал и ќе може да тргне по потписот на Трент Александер-Арнолд и Флоријан Вирц.

- Оглас -

Најнови вести