Доколку Реал Мадрид биде единствен шпански клуб во осминафиналето на Лигата на шампионите, на Кралскот клуб тоа ќе му донесе дополнителна заработка од 11,7 милиони евра благодарение на „бонусот за пазар“ кој им следува на Шпанците.
Реал е на добар пат да добие финансиска инјекција бидејќи Барселона, Атлетико и Севилја немаат баш добри шанси да се најдат меѓу 16-те најдобри и блиску се до преселба во Лигата на Европа.