Реал Мадрид одигра неубедливо против Реал Сосиедад и освои само еден бод на „Сантијаго Бернабеу“ во мечот кој заврши без голови. Ова беше и дерби на колото, а Сосиедад покажа зошто е трет на табелата со 39 бодови, само три помалку од денешниот противник. Реал Мадрид по овој кикс сега заостанува пет бода зад лидерот Барселона, но има уште многу да се игра во првенството.
Домаќинот создаде многу повеќе шанси, имаше доминација во посед на топката, но Карим Бензема, Винисиус Јуниор, Родриго и останатите Кралеви не успеаа да го ја срушат дефанзивната линија на противникот.