28.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Реал Мадрид лесно како на тренинг го победи лидерот во австриското првенство (Видео)

Реал Мадрид успешно го положи последниот тест пред почетокот на сезоната во Шпанија. „Кралевите“ со убедливи 4-0 славеа на пријателскиот меч против Тирол во Инсбрук.

Килијан Мбапе беше стрелец на два гола, додека по еднаш во листата со стрелци се запишаа Едер Милитао и Родриго.

„Кралевите“ имаа кратки подготовки и освен овој дуел против Тирол, одиграа и затворен меч против Леганес на кој истотаа постигнаа четири гола, но примија еден.

Новата сезона за Реал Мадрид во Ла Лига започнува идниот вторник со домашен меч против Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести