19.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Реал Мадрид може да биде домаќин на стадионот на Атлетико

Реал Мадрид повеќе од една година не игра на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“, кој се реновира. Фудбалскиот дом на Кралскиот клуб  ќе се реновира барем до октомври и во овој период ќе биде затворен за играње, па според весникот „Марка“, можно е да се случи Реал да игра како домаќин на стадионот на Атлетико Мадрид.

Кралевите целата измината сезона ја одиграа на стадионот „Алфредо ди Стефано“, кој собира само 5.000 гледачи, што е премалку, посебно ако се знае дека првично ќе биде дозволена делумна исполнетост на стадионите.

Стадионот „Ванда Метрополитано“, кој е дом на Атлетико Мадрид, е нов и модерен, а според претпоставките, дури и да биде дозволена делумна исполнетост, ќе може да има помеѓу 20.000 и 30.000 гледачи. Од Реал побараа и прилагодување на новиот календар од сезоната што следува и побараа во првите неколку кола да играат како гости.

- Оглас -

Најнови вести