Барселона во сезонава која измина беше во подредена состојба кога ќе се спомнеше Реал Мадрид. Кралевите станаа шампиони на Шпанија и европски прваци, но, сепак, Барселона успеа да ја добие трката за потписот на талентираниот Пабло Торе.
Овој 19-годишен фудбалер во каталонскиот гигант ќе дојде од редовите на Расинг Сантандер и потпиша четиригодишен договор. Барселона за Торе плати 20 милиони евра, но тоа што е многу поважно за тимот од „Камп ноу“ е дека самиот играч решил да потпише за нив, а не за Реал Мадрид.
„Реал Мадрид ми понуди повеќе пари од тоа што го понуди Барселона, но мојот сон секогаш бил да играм за Барселона и да успеам тука“, рече Торе, кој прво ќе игра за Б тимот на Каталонците, а доколку се докаже, сигурно ќе биде прекомандуван во најдобриот тим.