20.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Реал Мадрид му подготвува изненадување на Мбапе

Килијан Мбапе попладнево пристигна во Мадрид, а утре ќе биде претставен како нов играч на Реал Мадрид.

По церемонијата на потпишувањето на договорот, која треба да биде по 10 часот, Мбапе напладне ќе се појави на спектакуларното претставување пред 80.000 навивачи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Покривот на стадионот ќе биде затворен.

Според некои шпански медиуми, Реал му подготвува изненадување на Мбапе, ни самиот Мбапе не знае што му се подготвува, а се шпекулира и дека е можно таму да се појават Зинедин Зидан или дури и Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести