30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Реал Мадрид му понудил „трампа“ на Арсенал, но „топчиите“ одбиле

Раководството на Реал Мадрид сака летово да го продаде бразилскиот напаѓач, Родриго, но во моментов тоа тешко им оди, пред се поради високата цена која ја поставија.

„Кралевите“ имале и друг план, да направат размена со Арсенал. Во Лондон да се пресели Родриго, а во Мадрид да пристигне дефанзивецот Вилијам Салиба, кој е голема желба на Реал Мадрид, но ваквата понуда била одбиена од Арсенал.

„Топчиите“ се една од екипите која летово покажа интерес за купување на Родриго, но не по цената која ја бара Реал Мадрид, а која изнесува околу 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести