Еден Азар и официјално е нов играч на Реал Мадрид. Најтрофејниот шпански клуб му посака добредојде на белгискиот репрезентативец. Според звучноста на името, Азар е едно од најголемите засилувања во последните неколку години на „Сантијаго Бернабеу“.
Според пишувањата, Азар се согласил на шестгодишен договор со Реал Мадрид, а неговиот досегашен клуб Челзи, ќе добие 100 милиони евра како оштета за предвремен раскин на договорот.