Реал Мадрид на гостувањето кај Елче без Бензема

Реал Мадрид на утрешното гостување кај Елче од 14 часот, ќе биде без капитенот и прв стрелец, Карим Бензема. Французинот кој ги играше сите мечеви сезонава, доби одмор од тренерот Карло Анчелоти.

Во отсуство на незаменливиот Бензема, интересно ќе биде да се види дали Анчелоти конечно ќе им даде шанса на Лука Јовиќ и Маријано Дијас, или во почетниот состав нема да има класична „деветка“.

Бензема по враќањето во националниот тим, годинава одигра многу повеќе мечеви од вообичаеното за него, а и на дербито со Барселона доби удар, па не е големо изненадување што беше изоставен од списокот на патници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести