Реал Мадрид со 74,6 милиони евра заработени на Светското клупско првенство, е клубот со најмногу пари досега на турнирот.
Оваа сума покажува зошто сите сепак сакаа да учествуваат на настанот, иако на многу играчи не им беше мило што вака им се крати одморот.
ФИФА е дарежлива особено кон тимовите кои стигнуваат најдалеку. Така Реал сега има акумулирано 74,6 милиони од котизации за учество и награден фонд. Кралскиот клуб летово потроши 68 милиони за ангажирање на Дин Хаусен и Трент Александер-Арнолд, па тие трансфери веќе се покриени само со пари од СКП.
Ако Реал на крај го освои првенството, заработката ќе му биде над 110 милиони евра, но не повеќе од 115 милиони сума која ФИФА ја одреди како максимум што може да му исплатен на некој клуб.
ПСЖ кој истотака е полуфиналист, досега има заработено 69,7 милиони евра, а Челзи е трети со 67,7 милиони евра. Флуминенсе влезе меѓу првите четири на табелата со 54,6 милиони евра што е огромна сума за нив.