33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Реал Мадрид најмалку два месеци без една од главните ѕвезди

Герет Бејл ќе паузира најмалку два месеци, откако Велшанецот заработи нова повреда на ногата. Еден од главните играчи на Реал, се пожалил на болки на десната нога под коленото, а по направените прегледи, било констатирано дека се работи за посериозна повреда.

Лекарите предвидуваат дека Бејл ќе паузира меѓу осум и 10 недели, што значи дека неговото враќање на теренот треба да биде некаде во декември.

Реал Мадрид утревечер ќе гостува кај Валенсија во меч од домашното првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести