Раководството на Реал Мадрид планира голема реконструкција на екипата налето, како и нов тренер, а прва желба на Флорентино Перес е да го донесе Родри од Манчестер сити.
Фудбалерот за кого кренаа голема прашина кога ја освои Златната топка во конкуренција на Винисиус, сега е на прв на списокот со желби на „кралевите“, а според информациите, ќе може да го добијат за „само“ 75 милиони евра.
Родри треба да биде новиот лидер на Реал Мадрид и фудбалер кој ќе ја „смири“ соблекувалната на „кралевите“, нешто што се отценува како најголем проблем во Мадрид.
Шпанецот последниот период мака мачи со повредите, па оваа сезона одигра само 13 натпревари за Манчестер сити.

