Се чини дека Трент Александер-Арнолд нема да биде единствениот кој летово ќе го замени Ливерпул за Мадрид и следната сезона ќе игра за Реал. Веќе извесно е дека десниот бек нема да го продолжи договорот со Црвените и ќе ја продолжи кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.
Од Реал Мадрид сакаат да го ангажираат и централниот дефанзивец Ибрахима Конате, кој има договор до летото 2026 и Ливерпул ќе мора да го продаде, ако сака да заработи, за да не му се повтори ситуација како Александар-Арнолд.
Кралскиот клуб сака да ја искористи оваа ситуација и планира да понуди 40 милиони евра за неговите услуги.