27.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Реал Мадрид, Наполи и Лајпциг нема да дозволат изненадување и убедливо ќе победат (Фото)

3121 – Воска – Струга (15:00)

Шампионот Струга ја има фаворитската улога во дуелот против дебинатот во прволигашката конкуренција, Воска. Стружани се во одлична форма и имаат три победи на последните три првенствени натпревари, додека Воска загуби на последните дуели. Овој натпревар ќе биде прв историски официјален помеѓу овие две екипи, со оглед на тоа дека за првпат играат во иста лига.

Предлог тип: 2 (2.17)

 

1304 – Реал Мадрид – Лас Палмас (19:00)

Реал Мадрид е апсолутен фаворит за победа во мечот против Лас Палмас. Кралскиот клуб со победа на најдобар можен начин ќе го искористи киксот на Барселона, но по поразот од Атлетико Мадрид ќе се обидат денешната победа да биде што е можно поубедлива за да им се оддолжат на навивачите. Реал Мадрид нема загубено од Лас Палмас уште од 2001 година.

Предлог тип: 1-1 & 2+пол. (2.95)

 

3723 – Наполи – Удинезе (20:45)

Екипата на Наполи има катастрофално отворање на сезоната во италијанската Серија А и веќе заостанува седум бода од лидерот Интер. Удинезе е одличен противник за излез од резултатската криза, со оглед на формата во која се наоѓаат гостите коишто имаат само три бода после пет одиграни кола. Наполи нема загубено од Удинезе од 2014 година, односно има серија од 15 натпревари без пораз со денешниот противник. Таа серија кога се игра под Везув е 10 победи по ред.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.03)

 

1898 – Вехен – Лајпциг (20:45)

Сè освен висока и убедлива победа на Лајпциг против Вехен во Купот на Германија ќе биде големо изненадување на денешниот натпревар. Бундеслигашот игра одлично оваа сезона и има само еден пораз во првенството и само бод помалку од лидерскиот двоец на табелата. Вехен и Лајпциг имаат одиграно само два меѓусебни натпревари, и тоа во сезоната 2013/14 во третолигашката конкуренција, кога Лајпциг се избори за промоција во втората Бундеслига.

Предлог тип: 2+I и 2+II (2.40)

 

3179 – Ерзени – Скендербег (15:00)

Интересен натпревар денес се игра и во првенственото на соседна Албанија. Екипата на Ерзени, која минатото коло ја совлада Тирана на гости, денес во Драч го пречекува поранешниот шампион на Албанија, Скендербег од Корча. Домашните ја имаат фаворитската улога, пред сè, поради одличната форма во која се наоѓаат. Ги победија второпласираната Тирана и нивниот градски ривал Динамо, додека Скендербег по одличниот старт, нанижа три порази по ред во првенството.

Предлог тип: 1 (2.12)

- Оглас -

Најнови вести