Раководството на Реал Мадрид нема информација за контакти меѓу тренерот Карло Анчелоти и раководството на Бразилската фудбалска федерација. По тешкиот пораз на Бразил од Аргентина (1-4) во Буенос Аирес, повторно почнаа шпекулациите дека италијанскиот стручњак може да го преземе националниот тим на Кариоките, но засега на „Сантиаго Бернабеу“ не е пристигната никаква информација околу тоа.
Анчелоти веќе еднаш одби да стане селектор на Бразил и одлучи да остане во Реал Мадрид. Сега ситуацијата е поинаква. Дури и ако Италијанецот прифати, тој нема да ги напушти Кралевите пред Светското клупско првенство во јули, а до тој момент Бразил веќе ќе ги одигра квалификациите за Светското првенство со Еквадор и со Парагвај.
Акуелниот селектор на Бразил, Доривал Жуниор, е под жестоки критики и веќе се бара негов заменик. По поразот во Буенос Аирес, тој призна дека тимот му беше надигран.
По 14 кола од квалификациите во зоната КОНМЕБОЛ, Бразил се наоѓа на четвртото место на табелата, додека Аргентина веќе обезбеди пласман на Мундијалот.