Реал Мадрид не го сака, но Рамос е на пат да заврши во Премиер лигата

Серхио Рамос половина година е без ангажман, но ветеранот кој има 38 години не планира да се пензионира, туку е во активна потрага по нов клуб. Се шпекулираше дека Рамос може да се врати во Реал Мадрид, каде што помина повеќе од една и пол деценија, но од Кралскиот клуб демантираа дека е можен таков договор.

Рамос минатата сезона играше во матичниот клуб Севилја, но само по една сезона решија да ја раскинат соработката. Медиумите од Шпанија и Англија сега најавуваат дека е можно Рамос да заигра во англиската Премиер лига.

За искусниот Шпанец интерес покажал Њукасл, тим кој сезонава игра под очекувањата. Њукасл синоќа на свој терен загуби со 0:2 од Вест хем, па Чавките останаа на 18 бода од 12 натпревари и се на десеттото место на табелата. Најавите се дека Њукасл е подготовен да му понуди договор на Рамос до јуни 2026 година, верувајќи дека токму неговото искуство може да ја зацврсти одбраната во тимот.

- Оглас -

Најнови вести