Фудбалскиот гигант Реал Мадрид преку својата клупска телевизија, објави дека нивното трпение е исцрпено и подготвуваат досие за да го достават до ФИФА, а се однесува на судењето во оваа и минатата сезона.
„Во дисието ќе бидат доставени сите судиски грешки што ги претрпе тимот во првите четири кола од Ла Лига, како и од минатата сезона“, соопшти Реал.
Трпението на Реал Мадрид дојде до крајот на денешниот дуел против Реал Сосиедад. Во 32-та минута, Хаузен го фаулираше Ојарзабал, а судијата Хесус Гил Манзано му покажа директен црвен картон, сметајќи го за последен во одбраната, иако Милитао беше само на неколку метри од целата ситуација. Од ВАР собата, Фигероа Васкез одлучи да не го повикува главниот судија да ја разгледа ситуацијата на мониторот и фудбалерот на Реал беше исклучен.
По оваа одлука, коментаторите на Реал Мадрид ТВ остро ги критикуваа постапките на двајцата судии: „Оваа Ла Лига е срамота поради она што го видовме. Реал Мадрид е со еден човек помалку. Хаузен беше исклучен, а тренерот Чаби Алонсо доби жолт картон, очигледно затоа што е огорчен како сите Мадридисти. Ова е срамно натпреварување.“
Овие жалби за време на емисијата беа само вовед во веста што ја објави самиот канал. Мадрид ќе се жали до највисокиот орган во светскиот фудбал, за да можат да се преземат мерки и да се анализира она што се случува, соопшти клубот.