Реал Мадрид ја разгледува можноста за засилување на средниот ред во летниот преоден рок, и покрај значителните инвестиции во тој дел од тимот во текот на претходните сезони.
Арда Ѓулер, Орелиен Чуамени, Едуардо Камавинга и Џуд Белингам се приклучија на редовите на мадридскиот клуб во претходните години, но клубот верува дека ќе бидат потребни дополнителни засилувања во средината на теренот.
На врвот на желби меѓу потенцијалните кандидати е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри Ернандез.
Шпанскиот репрезентативец беше проектиран како засилување по ЕП 2024, меѓутоа, тешката повреда на предните вкрстени лигаменти влијаеше врз одлуката на клубот привремено да се откаже од трансферот.
Поради повреда, Родри го пропушти поголемиот дел од претходната сезона, а во тековната не настапува континуирано, има одиграно вкупно 415 минути во сите натпреварувања.
Сепак, неговиот настап против Сандерленд на Нова Година, кога влезе во игра на полувремето и ја презеде контролата врз средниот ред, го врати во центарот на вниманието на стручњаците. Кога е здрав, тој е најдобар на својата позиција.
Родри има договор до летото 2027 година, и Реал би тргнал по него ова лето. Сити ќе биде приморан да преговара, бидејќи во спротивно ќе ризикуваат да го изгубат бесплатно само една година подоцна.
Тренерот Чаби Алонсо уште кога дојде барал еден плејмејкер од типот на Зубименди, но клубот не му ја исполни желбата, одговор бил дека доволни се играчите кои ги имаат. Сезонава се потврди дека не е доволно, фали еден „мозок“ кој ќе ги поврзува линиите, нешто што околу една деценија тоа успешно го правеше Тони Крос. После пензионирањето на Крос, Реал нема игра и се мачи.

