Реал Мадрид не се враќа на „Бернабеу“, и Лига на шампиони ќе игра на „Ди Стефано“

Реал Мадрид и на почетокот на следната сезона своите натпревари како домаќин ќе ги игра на стадионот „Алфредо Ди Стефано“ кој собира само 6.000 луѓе.

Шпанскиот првак се реши на ваков чекор бидејќи градежните работи на „Сантијаго Бернабеу“ се во тек, неделава ќе се стави новата трева, и нема потреба да играат таму кога имаат резервна варијанта, а и така е забрането присуство на публика.

Додека важи забраната за присуство на публика на трибините, Кралскиот клуб ќе игра на стадионот во својот тренинг центар Валдебебас. Реал на „Алфредо Ди Стефано“ нема да игра мечеви само од шпанската лига, туку и од Лигата на шампионите. Стадионот ги исполнува техничките услови кои ги бара УЕФА, а таму на 6 септември треба да се игра и мечот Шпанија – Украина од Лигата на нации.

Првиот официјален меч на Реал во следната сезона треба да биде на 19-ти септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести