27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Реал Мадрид не штеди и целосно го закупи најубавиот хотел во Париз за финалето од ЛШ (ФОТО)

Реал Мадрид и Ливерпул на 28 мај во сабота ќе играат во големото финале од Лигата на шампионите. Двата европски великани ќе се сретнат на Сент Дени во Париз, во битката за најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал.

Медиумите открија дека Реал Мадрид целосно го откупил најскапиот хотел во Париз, „Ауберж ди Жеу де Пум“, каде што соба за една вечер вреди неверојатни три илјади евра.

Кралскиот клуб ќе претстојува во периодот од вторник до сабота, а хотелот, барем според сликите, навистина изгледа неверојатно, ги има сите работи коишто се потребни, па дури и терен за голф, а експедицијата на Реал ќе биде единствената во хотелот.

Погледнете ги фотографиите од тоа како изгледа овој хотел.

- Оглас -

Најнови вести