Антонио Ридигер во 2022 година како слободен фудбалер пристигна во Реал Мадрид од Челзи. Германскиот дефанзивец изминатите три сезони собра 157 настапи за „кралевите“ и се сметаше за незаменлив дел од одбраната, но тоа се промени со доаѓањето на Чаби Алонсо.
32-годишниот дефанзивец сега е во втор план, но е и повреден, па раководството на Реал Мадрид одлучило дека нема да му го продолжи договорот кој му завршува летото 2026 година.
Ридигер ќе биде слободен да си бара нова фудбалска средина, а како најголем проблем се споменува неговата плата, која изнесува над 10 милиони евра годишно.