Реал Мадрид беше убедлив и со 4:2 славеше над Севилја во меч од 18. коло на шпанската Примера дивисион. Уште во првото полувреме Реал ги реши сите дилеми околу победникот постигнувајќи три гола.
Килијан Мбапе постигна атрактивен гол со шут од далечина за водство на Реал од 1:0.
Потоа следуваа погодоците и на Валверде и Родриго, за да до крајот на првиот дел, Севилја преку Ромеро намали на 3:1.
Во второто полувреме брахим Дијаз зголеми на 4:1 во 53 минута, а до крајот на дуелот Севилја погоди за 4:2, а стрелец беше Лукебакио.
Со овој триумф Реал се искачи на второто место на табелата со 40 бодови, еден помалку од лидерот Атлетико Мадрид. Барселона е трета со 38 бодови, но и меч повеќе од мадридските ривали. Севилја по овој пораз остана на 22 бодови и е на 12 место на табелата.