8475 Турк Телеком – Цедевита Олимпија (18.30 часот)
Ова е дуел од третото коло во кошаркарскиот Еврокуп, а по првите две рунди, турскиот и словенечкиот тим имаат по две победи. Олимпија е тим кој и дава и прима многу повеќе поени од Турк Телеком, па во Анкара ќе има дуел на тимови кои негуваат различна кошарка. Овие екипи играа меѓу себе и пред две и пол години, на тој меч во Љубљана победи Олимпија, а прв стрелец беше Јака Блажич, кој и сега е меѓу главните поединци во истиот тим. Турк Телеком пред три дена со тесна победа над Галатасарај од 72-70 ја отвори сезоната во турската лига.
Предлог тип: 1 & <158.50 (2.80)
6271 Рома ж. – Волфсбург ж. (18.45 часот)
Првото коло од групната фаза во женската Лига на шампиони го носи овој интересен дуел во кој германскиот тим е фаворит, иако е гостин. Викендов Рома ремизира 1-1 на гости кај Интер, а девојките од Волфсбург беа убедливи со 5-0 против Лајпциг. Во квалификациите за ЛШ, Волфсбург ја уништи Фиорентина со вкупна гол-разлика од 12-0 на двата меча. Волфсбург на последните седум меча има примено само еден гол. Пред две години Рома дома извади реми 1-1 против Волфсбург, и овојпат бодот би им бил премија.
Предлог тип: 2 & 2-5 (2.40)
1250 Фалкирк – Ливингстон (20.45 часот)
Според просекот на освоени бодови, Фалкирк е најдобар тим во шкотскиот Чемпионшип, има 18 бода од седум меча и ако победи вечерва, ќе избие на чело на табелата, и тоа со еден меч помалку од Ајр, кој е лидер во моментов, но има играно девет средби. Задачата на домашните нема да биде лесна затоа што Ливингстон е тим кој нема ниту еден пораз сезонава и прими само три гола на седум меча.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.07)
9085 Вардар 1961 – Валур (20.45 часот)
Вардарци се фаворити на хартија и на свој терен би требало да ја израдуваат публиката која две години чекаше повторно да ги види Црвено-црните на еден меч од европските купови. Исландскиот Валур не е наивен противник, тој е најтрофеен исландски клуб. Во минатата сезона го освои ЕХФ Европскиот куп, а сега се пресели ранг погоре во ЕХФ Европската лига. За Вардар хендикеп е неиграњето на Украинецот Хориха, но во тимот се убедени дека може да го добијат овој меч, а и квотите за конечен тип го најавуваат успехот.
Предлог тип: Х 1 -3.50 (1.99)
6708 Челзи ж. – Реал Мадрид ж. (21.00 часот)
Женскиот тим на Реал Мадрид во последно време напредува, но Челзи е голем фаворит за победа. Сините му посветуваат големо внимание на женскиот тим, доказ за тоа е што вечерашниот меч ќе се игра на „Стемфорд бриџ“ и се очекува да има многу публика. Челзи во минатата сезона играше полуфинале во ЛШ, додека Реал не ја мина ни групната фаза, па сега за да влезе во групи, мораше да игра и квалификации. Во јануари годинава, кога овие два тима играа во Лондон, во групната фаза од минатата сезона, Челзи победи со 2-1.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.30)