Реал Мадрид обожува да тргува со премиерлигашките клубови

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид во последните десетина години најмногу сака да купува квалитетни и скапи играчи од Премиер лигата (Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Еден Азар), но исто така во Англија гледа и богати купци за својата „роба“.

Од 2013 година наваму, Реал на англиските клубови им продаде петмина добри фудбалери, и за нив зеде 275 милиони евра.

Серијата почна со Месут Озил во Арсенал, продолжи со Анхел ди Марија во Манчестер јунајтед, па Алваро Мората во Челзи, Данило во Манчестер сити и Матео Ковачиќ во Челзи.

Парите со коишто располагаат врвните англиски клубови му ја олеснија работата на Реал, поточно на претседателот Флорентино Перес, кога сака да продаде некој играч за кој тренерот мисли дека не му е потребен. Озил (45 милиони евра), Ди Марија (75 милиони), Мората (80 милиони), Данило (30 милиони) и Ковачиќ (45 милиони) беа продадени поскапо отколку што беа купени од Реал.

Во следниот период, Реал можеби уште ќе има „купи-продај“ со некој англиски клуб. Можни се трампи од типот Погба со Бејл, Себалјос и пари за Ериксен, или Мане за Асенсио плус пари.

 

- Оглас -

Најнови вести