Реал Мадрид од март 2017 дома нема дадено гол против Бетис, квотата дека и сега ќе биде така е огромна

Серхио Рамос на 12-ти март 2017 година, е последниот играч кој постигнал гол за Реал Мадрид на домашен терен против Бетис.

Звучи неверојатно, но вистина е, ова е најдолга низа за еден клуб без примен гол на гостувањата кај Кралскиот клуб од Мадрид. Во таа пролет пред пет и пол години, Рамос во 81-ва минута даде гол со глава за победа на Реал над Бетис од 2-1.

Од тогаш наваму, Реал Мадрид никако не успева на свој терен да ја затресе мрежата на Зелено-белите од Севилја.

Последните три дуели на овие екипи во Мадрид завршуваа со 0-0, а пред тоа Бетис победуваше со 1-0 и 2-0. Пет меча по ред Реал дома нема дадено гол против овој противник.

Во Sport Life, квотата дека Реал нема да даде гол и попладнево (средбата почнува во 16.15 часот) е дури 9.50.

- Оглас -

Најнови вести