Реал Мадрид одигра како никогаш претходно сезонава и затоа убедливо победи

Реал Мадрид благодарение на одличното прво полувреме, стигна до три бода од гостувањето кај Еспањол победувајќи со 4-2. Со овој триумф, Кралскиот клуб се врати на 10 бода зад лидерот Барселона, во трката за титулата во шпанското првенство.

Карим Бензема со погодок уште во четвртата минута ја најави голеадата, а Серхио Рамос со глава зголеми на 2:0 во 15 минута. За Рамос ова е јубилеен 50 погодок со глава за Реал, а вкупно 83 погодок во дресот на Кралевите.

Еспањол доби мала надеж по погодокот на Лео Баптисао во 25-тата минута, но Бензема со својот втор погодок направи Реал на полувремето да има предност од 3-1. Ова се случи првпат сезонава, Реал во првото полувреме во меч од Примера дивисион да даде три погодоци.

Во вториот дел погоди и Герет Бејл, а откако црвен картон заработи Рафаел Варан, Еспањол намали на 2-4 за попристоен пораз на крајот од средбата.

- Оглас -

Најнови вести